Правила и Услови за членство

  • HEI картичката е производ специјално дизајниран за компании и нивните вработени.
  • Попустот од 50% на стандардните цени за ноќевање према расположливиот капацитет неможе да се поврзе со останатите услуги кои хотелот ги обезбедува. Хотелот не мора да го признае попустот доколку очекува капацитетот во тој период да му биде пополнет.
  • Резервациите мораат да се направат преку канцеларијата на HEI, нашиот web портал www.hot-ex.com или директно со хотелот, а не преку било кој друг центар за бесплатно резервирање. Неопходно е да се представите како член на HEI при секое резервирање.
  • Попустот не може да се оствари доколку при резервирањето не се нагласи членството во HEI. Само покажувањето на картичката при пријавување или одјавување од хотелот не ви дава право на попуст.
  • Хотелот бара една HEI картичка за една хотелска соба како и носителот на таа картичка да биде присутен во таа соба. *
  • Сите категории на цени ($-$$$$$) се засновани на ноќевање во еднокреветна соба и се изразени во локалната валута, освен ако не се поинаку изразени. Рејтингот на хотелот е изразен со броевите од 1 до 5, каде 5 покажува највисок рејтинг.
  • Партиципирачките хотели се подложни на промена, така да постои можност да некои од нив не бидат достапни во текот на целиот период на важноста на картичката.
  • Hotel Express International како и преставниците не се одговорни доколку партиципирачкиот хотел не можат да ја прифатат вашата картичка од оправдани причини.
  • Членовите на HEI мораат да поднесат жалба во локалната канцеларија на HEI во рок од два дена доколку имале непријатно искуство во својата земја или седум дена за ситуации на интернационално ниво.

*понекогаш на наше барање може да се резервираат и две соби со една членска картичка.

Пронајди Хотел

Екстра Цени

PSD to XHTML

PSD 

to XHTML

Курсна Листа



Количество