Често поставувани прашања

Дали е попустот од 50% загарантиран за сите мои резервации?
ДА, единствено во ситуација кога хотелот нема да може да ви ја потврди резервацијата доколку очекува или е веќе пополнет капацитетот во периодот за кој сте ја барале резервацијата.
Дали носителот на картичката е единствена личност која може да ја користи картичката?
Да, картичката е персонализирана и сопственикот на картичката мора да биде присутен во собата. Никој друг нема право да ја користи таа картичка.
Дали членството автоматски се продолжува?
Не, членските картички не се продолжуваат автоматски. Канцеларијата на Hotel Express во вашата земја ќе ве контактира телефонски или писмено непосредно пред истекот на вашето членство.
Доколку купам картичка преку својата фирма, можам ли да ја користам за приватни патувања?
Да, секако. Нема никакви ограничувања колку често можете да ја користите картичката и која е целта на вашето патување. Единствено правило е да сопственикот на картичката мора да биде присутен во собата и доколку е тоа потребно да покаже лична идентификација при пријавување во хотелот.
Зошто би станал член доколку попустот не е загарантиран?
Статистиките на сервисот за резервација на Hotel Express покажуваат дека хотелите ја прифаќаат резервацијата од членовите во 85-90% од случаевите, така да добивање попуст во 9 од 10 случаеви не е малце и ќе ви заштеди многу пари.
Зошто хотелите обезбедуваат попуст од 50%?
Мал број на хотели остваруваат пополнетост на капацитетите од 100%. Наместо да ги остават собите празни, тие ги издаваат на членовите на Hotel Express за пола цена, затоа што да добиете 50% е подобро него да изгубите 100%. На овој начин не профитираат само хотелите туку и членовите на Hotel Express остваруваат 50% заштеда во исто време.
Како да направам резервација?
Вашата резервација можете да ја упатите директно до одбраниот хотел или до нашата канцеларија на Hotel Express-Македонија. Ние ќе ви помогнеме околу резервација на хотелот и ќе ви испратиме писмена потврда кога резервацијата ќе биде завршена. Услугата за резервација е бесплатна.
Која е цената за членство?
199 eur со вклучено ДДВ, према курсот на НБМ на денот на плаќањето.
Колку месеци трае членството?
12 месеци од денот на зачленувањето и не ја прати календарската година.
Колку соби една картичка може да резервира? Можам ли да направам резервација и за колегите?
Една картчка важи за една соба (еднокреветна, двокреветна, апартман, итн.). ова значи дека не можете да резервирате една соба за себе а една за вашиот колега, таа личност треба да има сопствена картичка.

Знаејќи дека веќе со првото користење картичката се исплатува, вредно е да ја препорачате на колегите.
Можам ли да ја контактирам било која канцеларија на Hotel Express како би направил резервација?
За жал не. Морате да ја контактирате канцеларијата на Hotel Express во вашата земја, која ви ја издала картичката, ние сме одговорни да ви ја обезбедиме услугата за резервација.
Можам ли да одлучам каде ќе се зачленам во Hotel Express Int.?
Не. Се зачленувате во земјата каде што живеете. Доколку го направите тоа во друга земја, сите барања се автоматски преусмеруваат до локалната канцеларија на Hotel Express во Македонија.
Може ли моето семејство да добие попуст преку Hotel Express?
Повеќето хотели се флексибилни во поглед резервација за вас и вашето семејство, дури и кога барате две соби.

Ваши прашања

Име(*)

Е-маил(*)

Прашње(*)

Пронајди Хотел

Екстра Цени

PSD to XHTML

PSD 

to XHTML

Курсна Листа



Количество